Нетанјаху: Хамас ги киднапира нашите тинејџери

Од:

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху ги обвини палестинските исламисти од движењето Хамас за грабнување на тројца израелски тинејџери, пренесе „BBC“.

Момчињата исчезнаа во четврток во близина на израелска населба на Западниот брег, додека се враќале од училиште.

-Оние кои ги грабнаа нашите момчиња се од Хамас, рече Нетанјаху и покрај тоа што од Хамас негираат дека имаат врска со нивното исчезнување.

Тој укажа и на тоа дека палестиснкиот претседател, Махмуд Абас неодама најавил формирање на влада на национално единство, која би имала поддршка од Хамас.

Мировните преговори со Палестинците се прекинати, а израелската влада најави и дека нема да преговара со палестинската влада, зад која стои Хамас.

Израелската војска соопшти дека во потрага по тинејџерите уапсила 80 Палестинци.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Палестински бунт против Хамас