Нетанјаху: Го зголемуваме интензитетот на операциите во Либан

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ги интензивира воените операции во Либан со заземање стратешки позиции и зајакнување на безбедносните тампон зони по зголемувањето на нападите со беспилотни летала на Хезболах.

„Израелската армија дејствува со значителни сили на терен и ја презема контролата врз стратешки доминантните позиции. Ја зајакнуваме безбедносната тампон зона за да ги заштитиме заедниците во северен Израел“, рече Нетанјаху на седница на израелскиот кабинет за безбедност, објави „Тајмс оф Израел“.

Според него, Израел работи на подобрување на решенијата против беспилотни летала што носат експлозиви.

Седницата беше отворена откако Нетанјаху се консултираше со министерот за одбрана Израел Кац и началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-потполковник Ејал Замир во воениот штаб Кирија во Тел Авив порано денес, објави Танјуг.

Израелската армија претходно денес објави дека во последните денови ги проширила своите копнени операции надвор од назначената безбедносна зона во делови од јужен Либан.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху ја губи власта на почетокот на следната недела

А1он

По изборите во Израел, Ајзенкот најави смена на Нетанјаху

Нетанјаху најави најголема воена операција на Западниот Брег уште од 1967 година

А1он

Аракчи: Нетанјаху ги вовлекува САД во уште една војна само за да не заврши во затвор

А1он

ВИДЕО: Нетанјаху го нападна градоначалникот на Њујорк во ОН, доби одговор

ВИДЕО: Оскаровката Сузан Сарандон приведена во Њу Јорк на протест против Нетанјаху