Нетанјаху: Го поддржувам планот на Трамп да создаде поинаква Газа

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска уште еднаш ја отфрли опцијата палестинските власти да ја преземат контролата врз Појасот Газа, а во исто време ја истакна својата поддршка за планoт на американскиот претседател Доналд Трамп за иднината на крајбрежната енклава уништена од војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, јави ДПА.

– Токму каков што е мојот став, ден по завршувањето на војната во Газа, таму нема да има ниту Хамас, ниту палестинска управа – рече Нетанјаху.

– Го поддржувам планот на американскиот претседател Трамп да создаде поинаква Газа – додаде израелскиот премиер.

Трамп предложи речиси два милиони жители на Појасот Газа да бидат раселени во соседните земји, а опустошените крајбрежни територии да станат „Ривиера на Блискиот исток“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху го нападна градоначалникот на Њујорк во ОН, доби одговор

ВИДЕО: Оскаровката Сузан Сарандон приведена во Њу Јорк на протест против Нетанјаху

Израел распоредува дополнителни сили на Западниот брег

Нетанјаху по нападот на Западниот Брег: Ќе ги повикаме на одговорност сите терористи!

А1он

Нетанјаху најави одземање државјанство за критичарите на израелската армија

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна