Нетанјаху ги предупреди Палестинците да престанат со каменувањето

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху предупреди денеска дека Израел ќе ги употреби „сите неопходни мерки“ за да се запрат нападите со камења на палестинските демонстранти.

Предупредувањето на Нетанјаху доаѓа по смрта на еден Израелец, кој почина по сообраќајната несреќа, предизвикана од едно такво каменување на улиците од Ерусалим.

Инцидентот се случил во понеделникот, кога неговото возило, во кое имало и две други лица, било нападнато со камења. Полесно се повредени и сопатниците на починатиот возач.

– Во пресрет на еврејската Нова година, уште еднаш се уверивме дека фрлањето камења може да убива, па затоа ваквите активности ќе се примаат крајно сериозно и на нив ќе се реагира со сите неопхдни мерки, се вели во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер.

Владата определи минимална казна за напаѓачите со камења, како и високи казни и остри мерки за родителите кои им дозволуваат на децата да учествуваат во каменувањето по улиците на Ерусалим.

Локалната полиција соопшти дека било обновено насилството во просторот околу џамијата Ал Акса, која претставува една од најсветите места во муслиманскиот свет. Џамијата се наоѓа на Ридот на храмот во Ерусалим, што за Еверите е најсветото место во нивната религија.

Забарикадираните главно млади палестински демонстранти, вчера уште еднаш се судриле со израелската полиција.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски