Нетанјаху бара од САД да ги обноват летовите кон Израел

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара синоќа од администрацијата во Вашингтон да се обноват летовите на американските авионски компании кон Израел.

Нетанјаху го замоли државниот секретар Џон Кери „да помогне“ за да се укине забраната што ја воведе Американската федерална управа за цивилно воздухопловство (ФАА).

Реакцијата на израелскиот премиер доаѓа по одлуката на ФАА да го забрани летањето на американските компании да летаат кон и од Израел, откако една ракета, лансирана од појасот Газа, падна на околу 1,6 километри од аеродромот „Бен Гурион“ крај Тел Авив.

Американските компании „Делта“ и „Јунајтед Ерлајнс“ ги суспендираа летовите на неопределно време иако одлуката на ФАА се однесува за период од 24 часови.

Компанијата „УС Ервејс“ се уште нема донесено одлука за судбината на нејзините летови кон Тел Авив.

Европската агенција за воздушна безбедност (ЕАСА) реагираше веднаш на решението на ФАА, па на сите европски авиокомпании кои летаат кон Изреал им препорача да го запрат летовите кон телавивскиот аеродром.

Германската компанија „Луфтханза“ и нејзината група во која се и „Аустриан Ерлајнс“ и „Свис“ не чекајќи на препораката на ЕАСА ги запреа за два дена сите свои летови кон и од Израел.

Таквото решение го прифатија и француските и холандските авиокомпании, како и „Ал Италија“, „Ер Канада“ и нискобуџетската компанија „Изи Џет“ која секој ден има лет од Лондон кон Тел Авив.

Експерти за безбедност во авионскиот сообраќај оценуваат дека ваквото решение на американската ФАА и на европската ЕАСА е „сосема разбирливо“ по тешкиот инцидент од минатата недела кога беше соборен еден малезиски патнички авион над украинската територија.

Авионските компании се повеќе стравуваат за безбедноста, летајќи над зони кои се опфатени со конфликти и воени судири,оценуваат експертите.

Сегашната забрана за летови кон Израел е прва по 1973 година и тогашната израелско-египетска војна. Прекин на авиосообраќајот кон израелската територија имаше и за време на војната во Персискиот Залив во 1991 година.

Би можело да ве интересира

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски