Несреќа во Италија: Загина девојка откако падна дрво врз шаторот во кој таа спиела

Од:

За време на синоќешното невреме во Италија, загина тинејџерка која била во младински извиднички камп во алпската долина Вал Камоника во регионот на Ломбардија.

Раи њуз јавува дека жртвата, по потекло од градот Комо, имала 16 години.

Девојката починала кога дрво паднало на шаторот во кој спиела. Таа претходно поставила камп со други млади извидници на местото Палу на 1.400 метри надморска височина.

Во првите часови по полноќ областа била зафатена од невреме, придружено со силни налети на ветер.

Се вели дека по трагедијата овој камп на млади извидници бил распуштен, како и другиот лоциран во Вал Дорико.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен