Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи во германскиот град Динслакен, во која едно дете загина, додека друго е во критична состојба, откако автомобил ги удри во близина на училиште.

47-годишна жена изгубила контрола врз своето возило, скршнала од патот и удрила три 12-годишници кои возеле велосипеди, веројатно на пат кон училиште.

Две од децата се здобиле со животозагрозувачки повреди од силата на ударот, а едно од нив починало кратко време по однесувањето во болница. Третото дете се здобило со полесни повреди.

Според официјалните полициски податоци, несреќата се случила околу 7:45 часот. Откако ги удрила децата на велосипеди, жената со својот автомобил се удрила во паркирани возила, удирајќи во три автомобили и предизвикувајќи голема материјална штета. Жената, исто така, се здобила со тешки повреди и е однесена во болница со возило на брза помош.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија