Несреќа во Англија: Автобус со ученици падна во река, има повредени

Од:

Три лица се однесени во болница, а 14 други се здобиле со полесни повреди откако двокатен училишен автобус се лизнал од патот и се влегол во река во Хемпшир, Англија.

Итни служби биле повикани на местото на настанот околу 10:07 часот наутро во четврток наутро, кога автобусот „Блустар“, кој превезувал ученици од колеџот „Бартон Певерил“, се лизнал од патот.

Портпаролот на Службата за брза помош изјави дека на местото на настанот се испратени два хеликоптери и пет амбулантни возила, како и специјализирани тимови за брза реакција.

„На местото на настанот се испратени голем број единици, вклучувајќи пет амбулантни возила, два хеликоптери и специјализирани тимови. Сите патници се евакуирани од автобусот. Тројца пациенти со сериозни повреди се однесени во болница, додека околу 14 лица со полесни повреди се лекуваат на местото на настанот“, изјави портпаролот.

Колеџот „Бартон Певерил“ објави на Фејсбук дека отворил кризен центар за родители и дека тесно соработува со полицијата.

„Би замолиле никој да не присуствува на местото на несреќата, туку родителите да дојдат во кризниот центар. Таму ќе бидат полицаец и персоналот на колеџот за да дадат информации и да одговорат на прашања“, соопшти колеџот.

„Сите патници се пронајдени, а повредените се лекуваат. Патот е затворен и се очекува да остане затворен во следните 12 часа за истрага и отстранување на возилото“, извести полицијата.

Извршниот директор на Блустар, Ричард Тилдсли, ја потврди несреќата.

– Еден од нашите автобуси, кој превезуваше ученици до колеџот Бартон Певерил, утрово имаше инцидент на патот. Првичните извештаи покажуваат дека автобусот излетал од патот и завршил во плитка река, рече Тилдсли и додаде:

„Во времето на несреќата, во автобусот имало 19 патници. Возачот и најмалку двајца студенти се здобиле со повреди. Сè уште немаме целосни информации за степенот на повредите на другите патници, но внимателно ја следиме ситуацијата“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Страшна несреќа во Индија: Автобус се запали после сообраќајка, загинаа најмалку 25 лица

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Унгарија: Патнички автобус удри во училиште, најмалку 34 се повредени

Синот на легендарен англиски фудбалер загина во сообраќајка со трактор

А1он

Детали за трагедијата кај Сремска Митровица: Возачот на автобус „летал“ со 120 километри на час

Состојбата на повредените во несреќата кај Сремска Митровица останува непроменета, седуммина се на интензивна нега

Горан Наумовски

По вчерашната автобуска несреќа кај Сремска Митровица: 39 патници завршија на болничко лекување