(ВИДЕО) Тешка несреќа во Унгарија: Патнички автобус удри во училиште, најмалку 34 се повредени

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи во унгарскиот град Солнок, кога локален автобус удрил во ѕидот на средното училиште „Варга Каталин“.

Ударот предизвика уривање на ѕидот, предниот дел од автобусот бил целосно уништен, а голем број луѓе се повредени, најмалку 34.

Автобусот удри во ѕидот на училиштето, но за среќа нема повредени во училницата бидејќи во тој момент не се одржувала настава.

Училиштето не морало да биде затворено, а било утврдено дека една училница е оштетена и дека е безбедна, и покрај штетата.

На местото на несреќата се собра голема толпа загрижени родители, ученици и граѓани.

Полицијата морала да растера дел од толпата за да не ги попречи спасувачките операции.

Според извештајот на порталот szoljon.hu, најмалку 30 лица се здобиле со полесни повреди во несреќата, додека четири лица се тешко повредени.

Службите за итни случаи брзо реагирале – две екипи на хеликоптерската брза помош биле на местото на настанот, кои ги транспортирале повредените во блиските болници.

Би можело да ве интересира

Трагедија кај Суш: Има загинати и повредени во автобуска несреќа

Орбан предупреди: На Унгарија ѝ се заканува враќање во должничко ропство

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

Најмалку 15 загинати во стравична автобуска несреќа во Египет

Унгарија и по Орбан сака да одржува конструктивни односи со Русија

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се потребни силни вооружени сили