Неочекувана оставка на премиерот на Нов Зеланд Џон Ки

Од:

Новозеландскиот премиер Џон Ки, неочекувано, соопшти дека поднесува оставка по поминати осум година на оваа функција.

Во образложението за ваквата одлука, Ки ги истакна „семејните причини“, но новозеландскиот весник „Њу Зиланд Тајмс“ открива оти популарнот политички лидер заминува од функцијата „под притисок“ на неговата сопруга.

– Ова за мене беше најтешката одлука досега, рече Ки во своето обраќање до Новозеланѓаните, признавајќи дека се уште не знае што ќе прави во иднина.

Џон Ки е поранешен банкар и валутен дилер во „Мерил Линч“. Во 2008 година тој и неговата Национална партија победија на изборите.

Во домашната јавност е популарен поради успешното и без поголеми потреси спроведеното извлекување на новозеландската економија од глобалната финансиска криза и рецесијата, но и затоа што сите овие години, за него е врзан никаков скандал или случај.

Ки е силен приврзеник на Транс-пацифичкото трговско партнерство, што го покрена и го спроведе американскиот претседател Барак Обама.
Во ова партнерство се вклучени 12 држави од регионот, кои покриваат 40 отсто од светската економија.

Формалната оставка Ки ќе ја поднесе, идниот понеделник, на 12 декември

Според домашните медиуми, како привремен вршител на должноста, ќе биде определен сегашниот заменик премиер Бил Инглиш.

Тој ќе го заменува Ки додека владејачката Национална партија не избере нов партиски лидер кој ќе биде назначен за нов премиер на Нов Зеланд.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски