Необично суштетсво во конзерва со туна

Од:

Британката Зое Батлер сакала на своите деца да им подготви козервирана туна за јадење, но кога ја отворила конзервата останала вџашена од необичното мало суштество што го видела во неа.

– Го отворив капакот на конзервата и видов нешто темно, како некој орган. Тогаш го допрев со вилушката и тоа се преврте и погледна дирекно во мене, изјави Батлер за весникот „Нотингем Пост“.

По несекојдневната „средба“ 28-годишната Батлер ја фрлила вилушката, се потргнала настрана и почнала да вриска. На врискот дотрчала дадилката на нејзините деца, по ште двете заедно утврдиле дека мистериозното суштество е мртво.

Батлер веднаш го фотографирала суштеството и фотографијата ја објавила на Твитер.

„Знаете ли што е ова? За малку тоа ќе им го дадев на моите деца да го јадат“, напиша Батлер под фотографијата.

Суштетсвото со бодликава опашка веднаш предизвика интерес на Твитер и расправа за неговото потекло. Некои претпоставуваат дека можеби тоа е некој непознат вид риба, други мислат дека е фетус на риба, трети дека е глава на желка, а имало и такви кои тврделе дека се работи за вонземско суштетство.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он