Ненси Пелоси заедно со нејзините колеги клекнаа на колена во знак на почит кон Џорџ Флојд

Од:

Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија, пред да го претстават предлогот за полициска реформа, му одадоа почит со минута молчење и потоа 8,46 минути клечеа на колено, симболиизрајќи ја борбата против полициската бруталност и насилство кон Џорџ Флојд , но и други Афроамериканци, кои „неправедно ги загубија своите животи“.

Претседателката на Претставничкиот дом, Нанси Пелоси, и шефот на Демократското малцинство во Сенатот, како и дваесетина други членови на Конгресот, меѓу кои и неколкумина црни претставници, се собраа во Холот за еманципација, наречен во чест на робовите кои работеле на изградбата на зградата на Конгресот во Вашингтон во 18 век, јавуваат светските агенции.

Осум минути и 46 секунди е времето кое белиот полицаец го притискал коленото врз вратот на Џорџ Флојд, додека го приведувал, на 25 мај, се додека не го задуши.

Настанот предизвика историски бран од бес во САД, а се прошири и низ другите земји во светот.

Протест со клекнување на колено поради полициска бруталност и расизам почна во август 2016 година, кога некои американски спортисти клекнуваа за време на интонацијата на американската национална химна пред почетокот на натпреварите.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас