Немири во Хамбург, полицијата бара засилување од други градови

Од:

Полицијата во Хамбург побара помош од колеги од други делови од Германија за да се справи со немирите и насилствата поради самитот на Г-20. Според најновите информации, најмалку 159 полицајци се повредени и 45 демонстранти се приведени како резултат од насилните протести во Хамбург, јави ДПА.

Демонстрантите нападнаа полицијска станица во квартот Алтона, запалија полициски патролни возила и фрлаа запалливи средства во близина на железничката станица.

Полицијата подоцна упати предупредување до граѓаните да го избегнуваат тоа подрачје и да бидат подалеку од протестите.

Повеќе возила се запалени и булеварот Елбшосе, а над западниот дел од градот се издига густ црн чад.

Стотици демонстранти во разни делови од градот се обидуваат да пробијат полициски кордони за да прекинат одржување на самитот.

Портпарол на Меланија Трамп изјави дека првата дама на САД не можела да ја напушти својата резиденција и да учествува во предвидената програма бидејќи обезбедувањето „не добило зелено светло од полицијата“.

Доналд Трамп беше присилен да патува по обиколни улици за да стигне на местото на одржување на самитот.

Групата Блок Г20 – Обојте црвена зона, претходно објави дека ќе направи се за да го попречи одржувањето на самитот.

Полицијата во Хамбург користеше водени топови и солзавец за да растера демонстранти пред почнувањето на самитот на Г-20. По вчерашните немири, демонстрациите продолжија денеска наутро со цел да се попречи доаѓањето на делегациите на официјалното отворање на самитот на Г20.

На почетокот на самитот, германскиот канцелар Ангела Меркел службено изрази добродојде на челниците на држави од Г-20 на самитот во Хамбург додека делгациите се обидуваат да премостат различни ставови и да се договорат за завршната декларација.

Во синоќешните немири повредени беа 111 полицајци, 29 луѓе се приведени, а 15 се задржани во притвор.

Полицијата утрово соопшти дека е во тек операција против насилни лица кои фрлаат молотови коктели и палат полициски возила во квартот Алтона.

Четири полициски хеликоптери го надлетуваат градот.

Инцидентите во Хамбург почнаа со демонстрации на повеќе од 12.000 луѓе кои протестираат против Г-20 близу месотот на одржување на форумот.

Судирите навестуваат тензии што се очекуваат за време на самитот на кој се лидери од 20 економии во светот и каде голем број спорни прашања ќе бидат во фокусот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и други лидери.

Главните спорни прашања се пред се – климата и трговијата.

Трамп во Хамбург за првпат треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, денеска попладне на маргините на самитот.

Властите очекуваат и до 100 илјади демонстранти и се очекува тие денеска да продолжат со обидите да го попречат одржувањето на самитот. Уште едни демонстрации на иницијатива на крајната левица се предвидени за утре попладне.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија