Немири во Брисел, уапсени 159 лица

Од:

Најмалку 159 лица беа уапсени за време на бранот новогодишни немири во Брисел, каде беа запалени десетици автомобили, а службите за итни случаи беа гаѓани со молотови коктели.

Полицијата уапсила 159 лица во вторникот од 18 часот до 7 часот наутро и одговорила на повеќе од 1.700 инциденти во градот, пренесува Политико, цитирајќи ги медиумите.

Голем дел од немирите се случија во западните и јужните делови на Брисел, вклучително и во Моленбек и Андерлехт.

Изгореа најмалку 60 автомобили. Пожарникарите се обидуваа да ги изгаснат пожарите, но беа каменувани кон нив беа фрлани молотови коктели, принудувајќи ги во некои случаи да се повлечат, соопшти бриселската противпожарна служба.

„Беше навистина лудо. Бевме таму да помогнеме, а тие ни фрлаа молотови коктели“, изјави портпаролот на бриселската противпожарна служба Волтер Дери за Политико.

Немири и пожари се забележани и во вториот по големина белгиски град Антверпен, каде се уапсени 49 лица.

Немирите за новогодишната ноќ во Брисел стануваат вообичаена појава, имајќи предвид дека во тој град во 2023 година биле уапсени повеќе од 200 лица, а во 2022 година 160 лица.

Би можело да ве интересира

Татко го давел и удирал по главата своето 15 годишно дете, се бара притвор

Предраг Петровиќ

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Тројца полицајци осомничени дека малтретирале скопјанец во неговиот дом пред малолетниот син

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Маж ја истепа вонбрачната партнерка, но и нејзините две деца

Насилници грабнале 15-годишно момче и го снимале