Насилници грабнале 15-годишно момче и го снимале

Од:

Во СВР Скопје, К.Д.(35) од Скопје пријавила дека околу 04.00 часот, нејзиниот 15-годишен син примил порака на социјална мрежа од лажен профил на неговата девојка, за да се сретнат.

Како што е пријавено, откако отишол на договореното место, бил пресретнат од четири машки лица, од кои едниот го познавал, кои со употреба на сила го однеле во куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон.

Исто така, според пријавеното, настанот го снимале и објавиле на социјална мрежа, но набргу бил избришан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите

Горан Наумовски

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката