Нема повеќе Французи меѓу заложниците во „Ин Аменас“

Од:

Нема повеќе француски државјани меѓу заложниците во „Ин Аменас“ во Алжир, изјави францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан во интервју за регионалната телевизија „Франс 3 Бретања“, јави дописникот на МИА од Париз.

– Според она што го знаеме, за жал има еден Французин меѓу убиените, а другите наши граѓани беа ослободени, одговори министерот за одбрана на прашањето дали има уште француски државјани меѓу заложниците во Алжир.

Жан-Ив Ле Дриан не можеше да потврди дали меѓу киднаперите има француски државјани. Француските и други медиуми јавија дека во акцијата за ослободување на заложниците, меѓу убиените терористи имало и француски државјанин.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз