„Некој меѓу нас не е наш“ во Конгресот, обвини Пелоси

Од:

Спикерот на американскиот Претставнички дом, Демократката Ненси Пелоси, денеска на брифинг изјави дека Конгресот е соочен со „непријатели одвнатре“ во долниот дом, алудирајќи на некои нејзини колеги.

По немилите настани на 6 јануари, кога насилна толпа поддржувачи на бившиот претседател Доналд Трамп упадна во зградата на Капитол, законодавците сметаат дека таа е се уште недоволно обезбедена и дека се потребни дополнителни мерки.

-Сметам дека ни требаат дополнителни мерки за поголема безбедност на членовите, кога непријателот е меѓу нас во Претставничкиот дом, и членовите се загрижени поради оваа закана покрај тоа што се случува и надвор, изјави Пелоси.

Запрашана што мислела со кажаното „непријателот е меѓу нас“, таа одговори дека „постојат членови на Конгресот кои носат пиштоли во салата и кои се заканувале на други членови на Конгресот“.

Спикерот на Претставничкиот дом очекува скорешна објава на исцрпен извештај за безбедноста на највисокиот законодавен дом на САД, подготвен од пензионираниот заменик-генерал Расел Оноре.

Би можело да ве интересира

Бајден го повика Конгресот да донесе закон за финансиска помош за Украина и Газа

(ВИДЕО) Објавено видео од нападот на сопругот на Ненси Пелоси

Горан Наумовски

Претставничкиот дом во хаос откако Кевин Мекарти не беше избран за претседател ниту по три обиди

Катерина Ѓуровски

Комитетот на Конгресот на САД препорача кривичен прогон за Доналд Трамп

Напаѓачот на сопругот на Пелоси имал и други цели, меѓу кои и синот на Бајден, Том Хенкс…

Горан Наумовски

Републиканците на чекор од освојување мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот