Републиканците на чекор од освојување мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот

Од:

Републиканците денеска се на чекор од освојување на мнозинство во новиот состав на Претставничкиот дом на Конгресот.

Според проекциите на американските медиуми, се очекува републиканците да го освојат мнозинството бидејќи веќе имаат освоено 217 од потребните 218 места, за разлика од демократите кои освоија 205, во Долниот дом на Конгресот, во кој има 435 пратеници, јави Гласот на Америка.

Изборните гласови се уште се пребројуваат во 13 места, главно во Калифорнија.

Повеќето американски политички аналитичари предвидуваат дека републиканците би можеле да освојат тесно мнозинство, можеби 219 до 222 места, што е далеку под предизборните предвидувања на републиканските лидери кои очекуваа мнозинство од 30 членови во следниот состав на Конгресот што стапува на должност во јануари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден го повика Конгресот да донесе закон за финансиска помош за Украина и Газа

Претставничкиот дом во хаос откако Кевин Мекарти не беше избран за претседател ниту по три обиди

Катерина Ѓуровски

Комитетот на Конгресот на САД препорача кривичен прогон за Доналд Трамп

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за заштита на правото на контрацепција

Конгресот на САД одобри 40 милијарди долари за Украина

Мицотакис од американскиот Конгрес: За демократијата да преживее Западот треба да си го среди сопствениот двор