Конгресот на САД одобри 40 милијарди долари за Украина

Од:

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина во износ од 40 милијарди долари, што е уште еден знак за силната поддршка што Џо Бајден му ја вети на Киев. Тој огромен пакет помош вклучува 6 милијарди долари за опремување на Украина со оклопни возила и зајакнување на нејзината воздушна одбрана во време на жестоки борби на истокот и југот на земјата.

Речиси 9 милијарди долари се наменети за да се обезбеди, меѓу другото, „континуитетот на демократските институции на Украина“, како и голем хуманитарен пакет.

Нацрт-законот, кој веќе беше одобрен од Претставничкиот дом минатата недела, допрва треба да биде потпишан од Џо Бајден. До средината на март, Конгресот веќе деблокираше скоро 14 милијарди долари за украинската криза. Но, американскиот претседател со недели бара значително зголемување на буџетот за да може да ја поддржи Украина во новата фаза од војната.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин