Некои држави во САД го укинуваат данокот за бензин во борба со високите цени

Од:

Некои сојузни држава во САД воведуваат привремено укинување на даноците за гориво за да се намали економскиот притисок врз потрошувачите со зголемените цени во бензинските пумпи.

Цената на нафтата и онака растеше за време на пандемијата, но во изминатите недели порасна до рекордно ниво со војната во Украина, која што донесе повеќе несигурност на пазарите.

Просечната цена на бензинот во САД на 11 март достигна 4.33 долари за галон (еден галон е 3.8 литри), според ААА, а сега е 4.24 долари, 18 отсто поскапо од минатиот месец и 48 поскапо од цената лани во март.

Загубите од оданочувањето на продажбата на горива на бензинските пумпи државите можат да ги покријат со федералните пари добиени за борба со пандемијата и со зголемените даночни приходи. Мерката сепак ќе биде привремена.

Така, гувернерот на Мериленд, Лари Хоган, на 18 март објави дека државата ќе го укине данокот за гориво во висина од 36.1 центи во текот на следните 30 денови. Со тоа државата ќе изгуби 100 милиони долари приход.

Повеќе држави како Охајо, Западна Вирџинија или Калифорнија исто така предвидуваат слични мерки.

Во Калифорнија, просечната цена на бензинот порасна до 5.91 долари, највисоко во САД. А пред еден месец беше 4.82 долари.

-Преземаме итна мерка да им ги вратиме парите на Калифорнијанци кои се соочуваат со повисока цена на бензинот директно предизвикано од инвазијата на Путин на Украина, изјави гувернерот Гавин Њусам.

Некои експерти сметаат дека оваа мерка не го решава системскиот проблем како инфлацијата. Олеснувањето ќе им даде оддишка на возачите, но не и на целата популација. Возачите на крај можат да се соочат со шок високи цени кога мерката ќе истече, велат тие.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски