Некогашниот советник во Даунинг стрит 10 Енди Коулсон осуден на 18 месеци затвор

Од:

Поранешниот главен уредник на сега згаснатиот британски неделник „Њуз оф д Ворлд“ Енди Коулсон кој по заминувањето од новинарството му беше советник на премиерот Дејвид Камерон и директор за комуникации во Даунинг стрит 10, денеска е осуден на 18 месеци затвор, за правење заговор за прислушување на мобилните телефони.

Коулсон (46) минатата недела од кривичниот суд Олд Бејли во Лондон беше прогласен за виновен во процесот што се водеше против осум лица-уредници, новинари и соработници во некогашната реедакција на најтиражниот неделник во Велика Британија, како и вработени во новинската компанија „Њуз Интернешенел“.

Покрај него, затворски казни им се изречени и на поранешниот главен репортер на весникот Невил Тарлбек и на некогашниот уредник во редакцијата на „Њуз оф д Ворлд“ Грег Мискју. Обајцата се осудени на по шест месеци затвор.

Некогашниот новинар Џејмс Витеруп е осуден на четири месеци условна казна,додека Глен Малкејар, кој работеше како репортер во весникот и како соработник на редакцијата, е осуден на шест месеци условвно. Овој поранешен приватен детектив кој беше вклучен во ловењето на пораките од говорната пошта на мобилните телефони на неколку стотина британски личности од јавниот и политичкиот живот, како и познати лица од светот на забавата, филмот и телевизијата, пред осум години, кога за прв пат се разбра за оваа афера, беше осуден на шетсмесечна затворска казна.

Другите обвинети во судњето што траеше од ноември минатата година,меѓу кои беше и поранешниот главен уредник на „Њуз оф д Ворлд“ и на „Сан“ а подоцна извршен директор во „Њуз Интернешенел“ Ребека Брукс, се ослободени од сите обвинувања.

Коулсон и пред и за време на судењето одб да ги прифати обвинувањата против него, тврдејќи дека не знаел за прислушувањето, но на процесот беше утврдено дека тој во периодот меѓу 2000 и 2006 година, сепак, бил дел од заговорот за „читање“ на говорната пошта од мобилните телефони, Изречувајќи ги казните, судијата во процесот објасни дека не е негова работа да ги определува односите меѓу полицијата, новинарите и владата, забележувајќи дека тоа го направи во јавната истрага за морлноста на медиумите и посебно на весниците, судијата Левисон.

Аферата со прислушувањето ја потресува Велика Британија осум години, од есента 2006 година, кога Малкејар и уште еден новинар беа уапсени од Скотланд јард, за ловење на пораките од мобилните телефини на соработниците на принцовите Вилијам и Хари.

Во јануари 2007 година тие беа осудени на шест, односно на четири месеци затвор за повреда на приватноста и ги отслужија казните.

Енди Коулсон кој тогаш го водеше „Њуз оф д Ворлд“ поднесе оставка, иако се бранеше дека не знаел за прислушувањето.

Шест месеци подоцна тој се вработи како прес советник на Камерон, во тоа време лидер на опозицијата, а од мај 2010 година, стана и директор за комуникации во Даунинг стрит 10.

Поднесе оставка од таа функција осум месеци подоцна, под притисок на опозицијата на нејзните весници кои ја одржуваа аферата со прислушувањето, обвинувајќи го Камерон дека погрешил што го вработил Коулсон кому не му се веруваше дека е невин во аферата.

Премиерот Дејвид Камерон минатата недела јавно се извини за грешката при ангажирањето на Коулсон, примајќи ја на себе целата одговорност.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он