Нехамер најавува „заострување на санкциите спрема Русија додека не прекине војната“

Од:

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Киев, каде што разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакна дека „новиот пакет санкции против Русија нема да биде последен, туку санкциите ќе се заоструваат додека не заврши војната“.

Нехамер истакна дека Австрија, сепак, го отфрла ембаргото за увоз на нафта од Русија.

Тој потсети дека целта на санкциите е да бидат погодени оние против кои се воведени, а не да се ослабнат оние кои се воведуваат. Според него, забраната за испорака на гас од Русија би имала тешки економски и социјални последици во Австрија.

Нехамер рече дека механизмите на новите санкции може да бидат уште подетални и дека, на пример, може да се воведе ембарго за испорака на технички делови за Русија, неопходни за воените авиони.

Зеленски по средбата со австрискиот канцелар побара нови санкции против Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа

Заврши прекинот на огнот, експлозии низ Украина

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он