Нечас: Сакав порано да заминам од политиката и да бидам со мојата советничка

Од:

Поранешниот чешки премиер Петр Нечас планирал на крајот од летово да објави дека ќе си замине од политиката по завршувањето на мандатот, а од функцијата планирала да замине и шефицата на неговиот кабинет, една од главните осомничени во финансиската афера и незаконското прислушување, Јана Нагиова.

Ова експремиерот, кој неодамна обелодени дека е во врска со Нагиова, а претходно соопшти дека се разведува од сопругата со која има четири деца, го изјави во најновото интервју за неделникот „Тиден“, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Нечас, токму тие информации биле причина за апсењето на седум луѓе, обвинети за прислушкување и корупција.

– Знаеа дека ќе исчезнат „печатените завеси во боја“ кои беа поставени, вели Нечас, кого последната афера го чинеше губење на премиерската и партиската фотелја.

Нечас додава дека неговата одлука за заминување од функцијата била одложена поради ситуацијата која се случи кога тројца негови партиски колеги се откажаа од пратеничкиот мандат поради несогласување со рестриктивните владини мерки. Токму поради сомнение дека им е ветена друга корист во замена за мандатите, пратениците, премиерот и неговата советничка беа осомничени за коруптивни дејства.

Врховниот суд ги ослободи од притвор пратениците поради нивниот имунитет, по што беше прекината и постапката за одземање на имунитетот на Нечас. И Нагиова, по повеќе од еден месец, поради поминување на опасноста од влијаење врз сведоците е ослободена од притвор.

– Испреплетеноста на личните односи со работните обврски не е правилно и јас бев свесен за тоа. Покрај другото и за тоа треба да сносам одговорност, вели Нечас, додавајќи дека очекува во иднина да бидат објавени интимните разговори со неговата доскорешна соработничка.

– Во моментот кога го губат тлото под нозете, нивна цел е барем целосно да ги уништат и понижат лицата кои се типувани, рече Нечас, упатувајќи критики кон полицијата и Обвинителството и објаснувајќи дека нивните планови биле „искомплицирани“ од судството.

Нечас тврди дека „долго време е цел на потера“ на Државното обвинителство и според него тоа се прави за да се стави нивна контрола врз државата.

Тој упати и директни критики до главниот обвинител Иво Иштван, човекот кој ја води каузата која сериозно ја потресе чешката политичка сцена и која доведе до назначување на техничка Влада, неполна година до терминот за одржување нови парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски