Нечас не си оди од премиерската функција, а се извини за следењето на тајните служби

Од:

Чешкиот премиер Петр Нечас не знаел за следењето на неговата сопруга и уште две лица од страна на Службата за воено разузнавање, јави дописникот на МИА од Прага.


Во соопштението, кое Нечас го испрати откако судот одреди притвор за неговата блиска соработничка, шефицата на  кабинетот Јана Нагиова, тој вели дека длабоко жали за случувањата и им се извини на сите на кои тоа се однесува.


Нагиова е обвинета дека ја злоупотребила службената должност и на највисоките службеници во военото разузнавање им наредила да ја следат сопругата на премиерот, Радка и уште две лица вработени во премиерскиот Кабинет.


Таа е осомничена и за корупција, односно поткупување на тројца пратеници од владејачката партија кои се откажаа од пратеничките мандати, а за тоа добиле противправна корист.


-Никогаш не сум одлучил и не сум бил информиран за наводно следење на лица, чии имиња се споменуваат во медиумите. Доколку, тоа навистина се случило, сметам дека е сериозна злоупотреба, вели Нечас додавајќи дека е свесен дека Нагиова не може да остане на позицијата која досега ја имала.


Нечас изрази надеж дека целиот случај брзо и без партиски влијанија ќе се испита.


Премиерот смета дека е неприфатливо, тоа што двајца високи функционери на военото разузнавање, наводно примале наредби од особа која немала законски овластувања за тоа.


Во врска со најголемата политичка афера која се отвори пред два дена и во која се обвинети осум лица, се осомничени и актуелниот и поранешниот шеф на военото разузнавање Милан Кованда и Ондреј Паленик.


Нечас, изминатите денови даде јасно на знаење дека нема намера да даде оставка иако опозицијата бара од него веднаш да распише вонредни избори, а идниот вторник ќе покрене гласање за недоверба на актуелната Влада.


За заминување на Кабинетот на Нечас индиректно се изјасни и претседателот Милош Земан.


Партиите, кои заедно со партијата на граѓанските демократи, чиј претседател е Нечас, се дел од владејачката коалиција, (ТОП 09 и Општествени добра (ВВ)) за вечерва најавија состанок на кој ќе ја разгледуваат актуелната политичка состојба.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска