Нечас ја призна врската со неговата најблиска соработничка

Од:

Поранешниот чешки премиер Петр Нечас ја призна врската со шефицата на неговиот кабинет, Јана Нагиова, која се наоѓа во притвор заради наводно незаконско следење на неговата сопруга и корупциски скандал, јави дописникот на МИА од Прага.

Во интервју за весникот „Право“, Нечас, кој неодамна објави дека ќе се разведе со својата сопруга вели дека неговата врска со Нагиова има иднина и дека стои на нејзина страна.

– Со Јана Нагиова, имаме силна врска, на која сметам и во иднина и цврсто стојам зад неа, вели Нечас.

necasnagirova

Нечас, кој поднесе оставка заради аферата во која се уапсени седум негови блиски соработници и сопартијци и самиот е осомничен дека учествувал во потплаќање на тројца пратеници кои се откажале од нивниот мандат за друга корист.

Тој по оставката, одлучи да продолжи со пратеничката функција и се соочува и со барање за одземање на неговиот пратенички имунитет.

Нечас во интервјуто тврди дека наводно не знаел дека Нагиова од Военото разузнавање нарачала следење на неговата сопруга Радка и кога му покажала фотографии претпоставувал дека се направени од жолтиот печат.

Сега, смета дека се работи за недоразбирање.

– На прво место, сметав дека тоа е комбинација од недоразбирање и професионална посветеност и не се сомневам дека сето тоа било направено со добри намери, но довело до лоши последици, додава Нечас.

Идната недела, парламентарната Комисија за мандатни и имунитетни прашања ќе одлучува по барањето на Обвинителството за одземање на имунитетот на експремиерот.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски