Небензја: Театарот во Мариупол беше нападнат од украинските националисти

Од:

Рускиот амбасадор Василиј Небензја пред Советот за безбедност на Обедиенти нации изјави дека нападот врз театарот во Мариупол е дело на украинските националисти и дека била заложничка ситуација.

– Припадниците на Азов, екстремно десничарски милиции и легитимни цели на руските сили, држеа луѓе како заложници во театарот и се подготвувале за крвава провокација, посочи Небензја.

Тој додаде дека театарот никогаш не бил цел и за нападот ги обвини украинските вооружени сили и националистичките групи.

Небензја ги обвини и западните новинари дека не известиле за вистинската ситуација.

Рускиот амбасадор истакна и дека повеќе од 2,5 милиони луѓе поднеле барање да избегаат од Украина во Русија.

Официјални украински претставници ја обвинија Русија за намерно уништување на театарот во Мариупол во кој, според нивни тврдења, во време на нападот имало околу 1.200 луѓе.

Украинските власти соопштија дека скривницата во театарот во Мариупол го издржала синоќешното бомбардирање и оти повеќето од луѓето успеале да го преживеат нападот. Сè уште не е утврден бројот на жртвите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање