Не успеа и дваесеттиот обид за избор на претседател на Либан

Од:

Либанскиот парламент денеска по 20-ти пат не успеа да избере претседател на републиката. Функцијата е слободна над девет месеци како резултат на конфликтот меѓу двата главни политички кампуса.

Поради недостиг на кворум парламентарната седница беше одложена за 2 април, соопшти канцеларијата на претседателот на Парламентот. Присуствуваа само 55 од вкупно 128 пратеници, при неопходен кворум од две третини.

Мандатот на поранешниот претседател Мишел Слејман истече на 25 мај 2014 година и сите обиди да биде избран негов наследник оттогаш не успеаја.

При недостиг на претседател, владата на премиерот Тамам Салјам одговара за сите извршни надлежности.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда