Не се отворил падобранот: Пет лица во Газа загинаа од воздушната хуманитарна помош

Од:

Пакети на хуманитарната помош за Газа убиле најмалку пет лица, а 10 се повредени, откако не се отворил падобранот со кој требало безбедно да се спуштат во близина на кампот за бегалци Ал-Шати.

Палетата со производи за помош на бегалците паднала врз група на луѓе кои се надевале што побрзо да дојдат до храна. Еден од падобраните со кои требало да се спушти палетата не се отворил.

Очевидците велат дека се се случило многу брзо и дека за кратко време биле изнесувани повредени и мртви луѓе од местото на настанот.

САД и Јордан се меѓу земјите кои доставуваат помош во Газа по воздушен пат, но и едните и другите велат дека палетата не е од нивната понуда.

Би можело да ве интересира

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа