Огромна експлозија на геомагнетски честички на Сонцето оваа година може да уништи 300, па дури и повеќе од 2.000 високонапонски трансформатори, што се темел на американскиот електроенергетски систем, предупреди американската Национална научна академија.
Тоа наведе неколку владини агенции за изработат планови за евентуалната таква бура, која би можела да се случи оваа година, имајќи предвид дена Сонцето влегува во активна фаза, позната како „сончев максимум“, кој својата кулимација ќе ја достигне во 2013.
Американските експерти проценуваат дека шансите оваа бура да се случи во следната деценија се околу седум отсто, што изгледа како умерен ризик, но нејзините последици би биле разорни како удар на голем метеор во Земјата.
Прекинот на струјата би предизвикал хаос, како тој кога 600 милиони Индијци минатиот месец останаа без електрична енергија два дена по ред.
Експертите не се согласуваат околу проценките на можната штета, но претставници на американската Влада и на индустрискиот сектор велат дека станува збор за сложен проблем, кој бара усогласено решение.
Според најлошото сценарио водата и горивото, кои зависат од електричните пумпи ќе престанат да течат во период од неколку часа, современата комуникација ќе прекине, а сите механизми ќе бидат стопирани.
Во извештајот на Националмата научна академија се наведува дека со сончевата супербура ќе бидат зафатени повеќе од 130 милиони Американци, а се проценува дека е можно да има и милиони жртви.