Научна студија: На океаните им нема спас

Од:

Дури и целосно да се запре „производството“ на јаглерод диоксид и постоечката количина да се оттргне од атмосферата, нема да се спречи изумирање на живиот свет во океаните, предупредуваат научници.

Обидот процесот на глобално загревање да се ублажи со оттргнување на јаглерод диоксид од атмосферата, најверојатно нема да спречи умирање на живиот свет во океаните, се вели во извештај на Институтот за изучување на климатски промени во Постдам во Германија.

Имено, регистрирано е дека океаните и понатаму би имале значително ниво на киселост поради растворањето на јаглерод диоксид од јаглеродната киселина.

– Дури и некако да ја сведеме количината на јаглерод диоксид на концентрација присутна во прединдустриското време, киселоста во океаните и понатаму би била околу четири пати поглема отколку во споменатиот период. Многу векови би поминале пред повторно да се воспостави рамнотежа во атмосферата, наведува Сабина Матезиус, водечки автор во студијата објавена во Нејчр Клајмат Чејнџ (Nature Climate Change).

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска