НАТО: За жал не гледаме знаци дека Русија ги повлекува војниците од границата со Украина

Од:

За жал не гледаме никакви докази дека Русија ја повлекува својата армија од границата со Украина. Многу жалам за тоа, бидејќи тоа би бил првиот јасен напор за смирување на ситуацијата. Ако забележиме видливи докази дека руските војници се повлекуваат од границата, први ќе го поздравиме тоа, тоа ќе биде прв чекор кон вистинска насока, изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Руската агресија против Украина драматично ја промени безбедносната ситуација во Европа и ги става пред искушение основните принципи – правото на суверените држави сами да го избираат својот пат. Претседателот на Русија Владимир Путин не го исполни ветувањето на Москва да ги почитува овие принципи, коментира генералниот секретар. Според него овие настани ќе се одразат на односите на НАТО во иднина.

На 25 мај во Украина претстојат претседателски избори, тоа  е можност за мирен излез од настаните во земјата. Сите Украинци ќе можат да направат свој избор по закон, во согласност со меѓународните стандарди. Тоа е изборот, што ќе биде прифатен од меѓународната заедница, изјави Расмусен. Според него попречувањето на спроведувањето на изборите ќе создаде пречка за мирно решавање на кризата.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски