НАТО: Велика Британија да ја преиспита улогата на Хуавеј во својата 5Г мрежа

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Западот не може да го игнорира подемот на Кина и оти е важно Велика Британија да ја преиспита улогата на Хуавеј во својата 5Г мрежа, со цел да се гарантира нејзината безбедност.

Столтенберг за радио Би-Би-Си изјави дека Кина му се приближува на Западот на различни начини и изрази надеж дека Велика Британија ќе се погрижи 5Г мрежата во земјата да биде безбедна.

– Затоа е важно со нов осврт да се утврди на кој начин би можела да се оствари оваа цел, истакна генералниот секретар на НАТО.

Во рамките на пошироката проценка на односите со Кина, британскиот Национален центар за кибер безбедност го анализира влијанието на неодамнешната најава на САД за санкции против Хуавеј врз Велика Британија да и дозволи на компанијата да учествува во изградба на 5Г мрежа во земјата, донесена претходно оваа година.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Муцунски: Силата на солидарноста е главната карактеристика на НАТО сојузот, а во случајот со трагедијата во Кочани беше демонстрирана од се срце

Пет години членство на Македонија во НАТО

Наришкин: Варварското бомбардирање на НАТО на Југославија е злосторство што не се заборавa

Горан Наумовски

НАТО ќе побара од Европа и Канада да ги зголемат воените капацитети за 30 отсто

Горан Наумовски