НАТО предупреди дека активностите на Русија во Украина можат само да ја продлабочат кризата

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, предупреди дека активностите на Русија во Украина можат единствено да ја продлабочат кризата, пренесоа британските медиуми.

Генералниот секретар на Алијансата ја критикуваше одлуката на Кремљ да го нареди движењето на „таканаречениот хуманитарен конвој“ кон градот Луганск на украинска територија без согласноста на украинските власти и без учеството на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

Расмусен изјави дека тоа е грубо прекршување на меѓународните обврски од страна на Русија.

-Тоа може само да ја продлабочи кризата во регионот, која самата Русија ја создаде и продолжува да поттикнува, рече генералниот секретар на НАТО. Тој дополни дека инцидентот на површина го исфрли прашањето дали целта на хуманитарната помош е да им помогне на цивилите или да ги обезбеди испораките за сепаратистите, пренесе ДПА.

Андерс Фог Расмусен информира дека Алијансата го регистрирала вознемирувачкото трупање руски копнени и воздушни сили во близина на Украина.

-На сепаратистичките групи во источна Украина им се префрлаат големи количества модерно оружје, вклчучувајќи и тенкови, оклопни возила и и артилерија, дополни генералниот секретар на НАТО.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Синот на Мицкоски сам го платил патувањето во Вашингтон, Антикорупцска го затвори случајот

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска