НАТО ги отфрли обвинувањата на Лукашенко за групирање долж западната граница на Белорусија

Од:

НАТО ги отфрли обвинувањата на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, дека Северноатлантската алијанса ги групира своите сили долж западната граница на Белорусија.

Од Алијансата беше потврдено дека ситуацијата во таа земја внимателно се следи.

„Нема групирање на НАТО во регионот и нашето присуство на истокот од нашата зона на интереси не претставува закана за ниту една држава. Тоа е само одбранбено присуство со цел да се спречи конфликтот и да се зачува мирот“, се вели во соопштението на НАТО.

Тие апелираат Белорусија да ги почитува основните човекови слободи, вклучително и правото на мирен протест.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје