НАТО остави пустош во Авганистан

Од:

Ал Џезира – Доха

По 13-годишната мисија, силите на НАТО го напуштаат Авганистан. Не успеаа да ја постигнат целта да ги совладаат талибанските сили.

Зад себе оставаат уништена земја во која талибанците контролираат поголем дел од територијата. Таткото на Абдул-Басира Камјаба го убиле полски војнци припадници на мисијата на НАТО во Авганистан.

Истрага немало. Рекле дека загинал во т.н. пријателски оган. Бидејќи бил командант на авганистанските безбедносни сили, постхумно му бил доделен медал за храброст, но неговото семејство сеуште е огорчено.

– Луѓето се израдуваа на пристигнувањето на НАТО во Авганистан, бидејќи очекуваа дека меѓународните сили ќе им пружат безбедност и стабилност. Меѓутоа, сега се гледа дека не биле способни да го искоренат тероризмот и да ги уништат талибанците – вели синот на загинатиот командант, Абдул Басир Камјаб.

Талибанците посилни од кога било 

Меѓународните сили, по 13 години, официјално ја завршија борбената мисија во таа земја, но на оваа војна сеуште не се гледа крајот.

Талибанците се посилни од било кога. Воспоставуваат сопствена структура на власт и дури судски систем во покраините кои се под нивна контрола.

Одлучни се да ја продолжат борбата.

– Целта на нашата досегашна борба е воспоставување на исламски систем во Авганистан. Тоа прашање не се врзува за одењето или останувањето на НАТО во земјата, како што не се врзува ни за одредено место и датум. Нашата борба ќе трае се до воспоставување на исламски систем. Ќе се бориме против сите кои ќе ни застанат на тој пат – вели талибанскиот гувернер на Газиабада во покраината Кунар, Мула Шефек.

Во текот на 13 годишната борба НАТО силите не успеаа да ги поразат талибанците. Сега останува на авганистанската војска тоа да го промени, која е слабо обучена и ниско платена.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО