НАТО нема информација дека е соборен руски авион над Турција

Од:

Британските медиуми вчера објавија неофицијално дека е соборен руски Миг-29 од страна на турските ловци, но веста не доби потврда од ниедна страна и истата се препишува на актуелната тензија и медиумската војна која ги зафати страните вмешани во сирискиот конфликт.

Медиумите кои денеска побараа информација од НАТО алијанската добија одговор дека немаат никаков извештај за соборување на руски авион. Русија и Турција вчера не реагираа на информацијата која потекна од турски новинар кој се повикуваше на сведоци кои виделе голема експлозија во Хурјетан, северна Сирија.

Тој на Твитер напиша дека три турски авиони реагирале на навлегувањето на Миг-29 и го собориле, по што настанала голема експлозија на небото над Сирија. Оваа вест брзо се прошири на социјалните мрежи, а ја презедоа британските медиуми, иако беше чудно како очевидците на сред ноќ и на толкава висина препознале дека се работи за Миг-29.

Русија во неколку наврати соопшти дека во Сирија не користи и нема донесено Миг-29, туку само Сухои, а овој тип на авиони во Сирија го користи и поседува сириската војска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на функционер во Русија, тројца мртви

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Синот на Мицкоски сам го платил патувањето во Вашингтон, Антикорупцска го затвори случајот

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин