НАТО: Минатата година Украина доби оружје и воена опрема во вкупна вредност од 50 милијарди долари

Од:

НАТО ѝ обезбеди на Украина оружје и воена опрема во вкупна вредност од 50 милијарди долари во 2024 година, а слично ниво на поддршка е планирано и за оваа година, изјави Џузепе Каво Драгоне, претседател на Воениот комитет на Алијансата.

„Земјите од НАТО обезбедија 99 проценти од целата воена помош. Во 2024 година таа достигна 50 милијарди долари. Во 2025 година веќе достигнавме 33 милијарди долари, но до крајот на годината ќе ја изедначиме претходната бројка“, рече Драгоне.

Тој нагласи дека Алијансата има намера да продолжи да испраќа оружје во Киев, па дури и да ја зголеми сегашната помош.

Драгоне потсети дека пред околу 40 дена, заедно со американскиот претседател Доналд Трамп и неговите советници, беше формирана „Приоритетна листа на потреби на Украина“ (PURL), која ја составија самите Украинци. Во рамките на оваа програма, досега е испорачано оружје во вредност од 1,5 милијарди долари.

„Постојат три пакети, секој во вредност од околу 500 милиони евра. Првиот беше финансиран од Холандија на почетокот на август, вториот од Данска, Финска и Шведска, а третиот од Германија кон средината на месецот“, прецизираше тој.

Според претседателот на Воениот комитет на НАТО, најголемиот дел од испораките се однесуваат на системи за воздушна одбрана за заштита од ракети и беспилотни летала, како и разни видови муниција.

Би можело да ве интересира

Русите влегуваат во Купјанск преку цевките

Предраг Петровиќ

Анкета: Повеќе од половина од Полјаците не сакаат да ја бранат земјата

НАТО започнува операција „Источна стража“: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на Алијансата

А1он

Шмихал: САД разгледуваат опции за заштита на украинското небо

Орбан: Членството во ЕУ се темели на заслуги, а не на безбедносни гаранции

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сикорски: Путин се потсмева со претседателот на САД, крајно време е Трамп да го разбере ова