НАТО и ЕУ го осудија однесувањето на Русија

Од:

Високата претставичка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја осудија поддршката која што Русија им ја дава на проруските сепаратисти во Украина и предупредија дека е загрозен договорот од Минск.

Могерини и Столтенберг во Брисел рекоа дека изборите во Украина се спроведени под контрола на проруските сили и претставуваат отворено прекршување на договорот од Минск за политичко решавање на украинската криза.

-Изборите не само што не се легални и легитимни, туку и се закануваат да го затворат каналот за политички дијалог. Мора да реагираме цврсто, но истовремено да го оставиме отворен каналот за политичко решение-предупреди Могерини.

Столтенберг рече дека ниту една држава членка на НАТО нема да ги признае изборите и ја обвини Русија, дека повторно стационира воени сили на границата со Украина.

-Освен што стационира трупи на границата, Русија активно им помага на проруските сили така што им доставува оружје и ги обучува, а воочивме и присуство на руски специјални единици на територијата на Украина- наведе генералниот секретар на НАТО.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски