НАТО го продолжи мандатот на Столтенберг до 1 октомври 2024 година

Од:

Сојузниците на НАТО денеска се договорија да го продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, до 1 октомври 2024 година, соопштија од алијансата.

Одлуката ќе ја потврдат шефовите на држави и влади на НАТО на самитот во Вилнус.

„Сојузниците му се заблагодарија на генералниот секретар за неговото лидерство и посветеност, кои беа клучни за зачувување на трансатлантското единство во услови на невидени безбедносни предизвици“, се вели во соопштението.

„Почестен сум од одлуката на сојузниците на НАТО да го продолжат мојот мандат како генерален секретар. Трансатлантската врска меѓу Европа и Северна Америка ја обезбеди нашата слобода и безбедност речиси седумдесет и пет години, а во се поопасниот свет, нашата голема алијанса е поважно од кога било“, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Столтенберг: Tреба да се подготвиме и за лоши вести од Украина

Горан Наумовски

Не гледаме воена закана која би дошла од Русија против кој било сојузник на НАТО или регионот, вели Столтенберг

Предраг Петровиќ

Столтенберг: ЗСО е клучот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина

Столтенберг: Насилството во Косово е неприфатливо

Столтенберг: НАТО и ЕУ работеа на постојана стабилност на Балканот

Зеленски и Столтенберг разговараа за деблокирање на коридорот за жито во Црното Море

А1он