НАТО бил подготвен да ја нападне Русија, открива таен на американската армија

Од:

Руската авијација, наводно, за малку ќе соборeла британски авион за набљудување минатата година, пишува „Вашингтон пост“. Оваа информација се појави во американските медиуми откако беше обелоденет таен документ на американската армија.

Откако овој документ мистериозно се појави на Интернет, се шпекулира дека доколку руската војска навистина го соборела британскиот авион, тоа ќе го вклучeло НАТО во директен воен конфликт со Русија. Овој настан, наводно, се случил на 29 септември 2022 година, над полуостровот Крим во тврдина што беше заземена од руската армија уште во 2014 година.

Поради документот кој мистериозно се појави на Интернет, Пентагон покрена голема истрага за авионот кој собира сигнали и пресретнува електронски пораки.

Секретарот за одбрана на ОК Бен Валас зборуваше за овој инцидент, но во октомври 2022 година, тој изјави дека руски авиони СУ-27 пресретнале британски авион RC-135.

Според Валас, еден од двата руски авиони испукал проектил од далечина, но набрзо дошло до технички дефект со тој проектил. Валас додаде дека за инцидентот разговарал со руската страна. Американското Министерство за одбрана одби да ги коментира објавените документи.

Документот е означен како „SECRET/NOFORN“ што значи дека не смее да се споделува со државјани кои не се од САД. Наводно има и повеќе инциденти со руската војска снимени од британски авион. Исто така, во тајниот документ наводно има мапа на која се прикажани точките каде што руските авиони летаат над Црното Море.

Генералот на американската армија Марк Мили во март годинава изјави дека Русија постојано се однесувале „агресивно“ кон САД, Велика Британија и други земји. Тој го спомна и инцидентот кога руски авион СУ-27 собори американско беспилотно летало MQ-9.

„Однесувањето на руските пилоти беше многу небезбедно и непрофесионално. Мораме да видиме кој е нивниот пат и план“, рече Мили.

Би можело да ве интересира

Синот на Мицкоски сам го платил патувањето во Вашингтон, Антикорупцска го затвори случајот

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД