Натепаниот британски европратеник ја напушти антиевропската УКИП

Од:

Британскиот европратеник Стивен Вулфи, кој беше натепан во зградата на Европскиот парламент и пренесен во болница, ја напушта антиевропската Партија за независноста на Обединетото Кралство (УКИП), објавија лондонските медиуми.

До инцидентот во Стразбур, што беше оценет како „срамен и недостоен“ и кој фрла сенка врз британските политичари, тој беше кандидат за нов лидер на УКИП и означуван како фаворит во изборната трка.

Вулфи сега тврди дека партијата што сакаше да ја предводи се распаѓа, дека повеќе никој не може да ја предводи и дека се претворила во „гнасна и расипана“ средина.

Пред безмалку две недели, Вулфи падна во бесознание во Европскиот Парламент и итно беше пренесен во болницата во Стразбур, по жестоката расправија со своите сопартијци од Велика Британија.

Подоцна лондонските весници објавија дека европратеникот завршил во болница, откако бил натепан од свој колега од европратеничката група на УКИП.

Кавгата избила околу кандидатурата на Вулфи за лидер на партијата и обвинувањата дека две недели пред да стане водечки кандидат за лидер, преговарал со Конзервативната партија за да се префрли во редовите на ториевците.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он