Наскоро подобра класификација на лековите во САД

Од:

Агенцијата за храна и лекови соопшти дека системот со пет букви ќе се замени со нови етикети со повеќе детали и нови информации за начинот на кој лековите влијаат на плодноста, фетусот и доењето.

Наскоро лекарите во САД и ширум светот ќе имаа појасни информации за препишаните лекови и начинот на кој тие влијаат на плодноста, фетусот и доењето.

Во САД жените земаат од три до пет препишани лекови во тек на бременост, судејќи според податоците на Агенцијата за храна и лекови. Други жени кои земаат препишани лекови сакаат да ги дојат своите деца. Милиони други, се трудат да забременат. И додека лековите можеби се потребни за контрола на се, од крвен притисок до дијабетис или ментални болести, тие можат да наштетат на развојот на фетусот или на новороденчето.

До сега лековите беа класифицирани со буквите А, Бе, Це, Де и Икс, така што А се најмалку ризични, додека тие со назнака Икс, најризични лекови. Медицинскиот директор на организацијата Марш за бебињата, доктор Едвард Мекејб вели дека тој начин бил конфузен.

Системот кој порано беше користен, не ги информираше ни потрошувачите ни професионалците

Абилифај, лек кој помага на луѓе кои имаат биполарно нарушување, е класифициран со назнака Це. Но, никаде на кутијата не е назначено. И не постојат студии на луѓе кои покажуваат какво влијание тој лек може да има на фетусот или на бебето.

Во соопштение на интернет, Агенцијата за храна и лекови соопшти дека системот од пет букви ќе биде заменет со нови етикети со повеќе детали и нови информации, за да можат лекарите да помогнат на своите пациенти да направат подобар избор кога се во прашање ризици од одредени лекови, пред, во текот на бременоста или во текот на доењето.

Организацијата Марш за бебињата работи на снимање на бројот на дефекти при раѓање и предвремените породувања. Доктор Мекејб ги поздравува новите правила на Агенцијата за храна и лекови и вели дека се многу потребни повеќе клинички испитувања и истражувања.

– Мора да препознаеме дека истражувањата се добри за поединците. Не да се прават истражувања со бремени, жени во репродуктивни години, тоа не им прави ништо добро. Постои ризик од недостиг на информации и ние мора да утврдиме како тоа да го направиме безбедно. И кога ќе утврдиме дека е безбедно, ако лекот го користат бремени жени, тоа треба да го проучуваме.

Мекејб вели дека најголем проблем претставува фактот што немаме потребни информации за да направиме добар избор.

Гласот на Русија – Москва

Би можело да ве интересира

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар