Најмалку 36 лица загинаа во денешните вооружени судири низ Сомалија меѓу армијата и припадниците на опозициските групи.
Тешки борби се водеа во полуавтономната држава Пунтланд, а бомба експлодираше во регионот Долна Шабел, при што загинаа неколку луѓе, потврдија очевидци, пренесува Ројтерс.
Тешки судири избувнаа во Гарова, главниот град на државата Пунтланд, додека локалниот парламент расправаше за промени во системот на гласање.