НАСА дава милијарда долари на приватни компании за развој на вселенски бродови

Од:

Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) ќе им додели 1,1 милијарди долари на три приватни компании за развој и истражување на нови вселенски бродови, кои треба да ја заменат сегашната генерација на летала од американската вселенска програма.

Најголема сума од овие средства или 460 милиони долари ќе добие авиогигантот „Боинг“ за развој веселнската капсула-брод ЦСТ-100, на која работи заедно со компанијата „Бигалоу Ерспејс“. ЦСТ-100 ќе може да превезува до седум аатронаути и првенствено ќе биде наменет за покуси вселенски експедиции.

Калифорниската компанија „Спејс Екс“ ќе добие 440 милиони долари за усовршување на вселенскиот брод „Драгон“, чиј модел во јуни полета до Меѓународната вселенска станица и успешно се врати на Земјата.

Преостанатите 213 милиони долари ќе и бидат доделени на малку познатата компанија „Сиера Невада“, која работи на развој на вселенска капсула за екипаж од седум лица.

Директорот на НАСА, Чарлс Болден изјави дека овие пари ќе бидат потрошени не само во полза на американската вселенска програма, туку и за отворање на нови високоплатени работни места.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата