Напредок во историските разговори меѓу САД и Куба

Од:

САД и Куба, кои ги обновуваат односите по долги години непријателство и студена војна, постигнаа напредок во историските разговори меѓу двете земји, изјави претставник на Стејт департментот.

Станува збор за вчерашните разговори меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригес, кои присуствуваат на дводневниот регионален Самит, кој се одржува во Панама.

Тоа се први разговори на претставници од овие две држави на министерско ниво од 1958 година.

Претседателите на САД и Куба, Барак Обама и Раул Кастро, исто така, присуствуваат на Самитот.

– Стејт департментот вчера предложи Куба да биде отстранета од американската листа на држави кои поддржуваат тероризам, изјави еден од лидерите на Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД, демократскиот сенатор Бен Кардин.

Претходно претседателот Обама потврди дека предлогот е подготвен, без да открие повеќе детали за што станува збор пред да замине на Самитот на Организацијата на американските држави во Панама.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ