Наполитано: САД го кршат уставот, американски војници се борат во Украина

Од:

Со мешањето во конфликтот во Украина, американскиот претседател Џозеф Бајден го крши Уставот на САД, смета колумнистот на „Вашингтон тајмс“ Ендрју Наполитано.

„Конгресот не може легално да и објави војна на Русија, бидејќи нема причина да го стори тоа од воена гледна точка. Русија не претставува закана за американската национална безбедност. Освен тоа, САД немаат договор со Украина што би обезбедувал американската воена заштита“, пишува авторот.

Наполитано нагласува дека Конгресот не и објавил војна на Русија и не дозволил да бидат испратени американски војници да учествуваат во конфликтот. Членовите на Конгресот само ја одобрија испораката на оружје и финансиски средства и му доделија 113 милијарди долари на Бајден, но американскиот лидер испраќа војници во Украина, посочува тој. Авторот објаснува дека точниот број на американски војници во Украина не е познат, бидејќи тие „не носат униформи и нивната локација е тајна“.

Тој е убеден дека тие учествуваат во борбите, бидејќи одржувањето и работењето на најголемиот дел од опремата што Вашингтон му ја доставува на Киев бара знаење и вештини што ги поседуваат Американците.

Дали Конгресот го почитува уставот? Дали претседателот го почитува? Одговорите се очигледни.

Москва постојано ги предупредиува западните земји дека испораките на оружје за Украина не менуваат ништо и само го продолжуваат конфликтот. Како што нагласи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, САД и НАТО директно учествуваат во овој конфликт, не само со снабдување со оружје, туку и со обука на персонал.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина

Шолц: Русија во иднина ќе мора да учествува на конференција за Украина

Предраг Петровиќ

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Мудрик: Ќе играм на Европското првенство, додека моето семејство дење и ноќе се соочува со руски проектили

Предраг Петровиќ

Русија ги претстави „змејовите“-новите фрлачи на пламен

Предраг Петровиќ

Сиљановска Давкова од Конференцијата за Украина: Потребен е нов Маршалов план