Напаѓачот од Нов Зенланд дејствувал сам

Од:

Напаѓачот кој во петокот уби 50 луѓе и рани многу други во две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд дејствувал сам, но можеби имал поддршка, соопшти полицијата.

„Веруваме дека апсолутно имало само еден напаѓач кој е одговорен за ова“, изјави полицискиот комесар Мајк Буш. Тој додаде дека полицијата не ја отфрла можноста напаѓачот да имал поддршка од други луѓе и оти таквата претпоставка е многу важен дел од нивната истрага.

Австралиецот Брентон Тарант (28) беше обвинет за убиство во саботата, а судијата рече дека најверојатно ќе се соочи со повеќе обвиненија. Пред нападот, Тарант објавил на интернет антиимигрантски манифест од 74 страници, а преку камера монтирана на кацига тој во живо го пренел нападот.

Австралиската полиција изврши претрес во домот на Тарант со цел да дојде до некаков материјал што би може да ѝ помогне на полицијата на Нов Зеланд. Комесарот Буш изјави дека австралиската полиција не открила ништо што би ја загрозило јавноста.

На прес-конференција што се одржа во понеделникот, сопственикот на една продавница за оружје истакна дека тие му продале четири пушки и муниција на Брентон Харисон Тарант преку онлајн нарачка одобрена од полицијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски