Напаѓачот на џамиите на Нов Зелан го призна своето злосторство

Од:

Брентон Тарант, кој изврши напад во две џамии во Крајстчрч на Нов Зеланд, за време на сослушувањето во Врховен суд, преку видео-врска ја призна вината по 51 обвинение за убиство, 40 обиди за убиство, и едно обвинение за тероризам.

– Тој ќе биде осуден за секое кривично дело што го сторил. Признанието на вината е значаен чекор во изрекувањето на казната, рече судијата Камерон Мандер, претседател на судскиот совет.

Тарант е во притвор од 15 март 2019 година, кога беше уапсен и обвинет за пукање од полуавтоматско оружје кон муслимани, кои се собраа за молитва во две џамии во Крајстчрч, а злосторството го пренесуваше во живо преку Фејсбук.

Признанието на Тарант ја прави непотребна понатамошната судската постапка, која требаше да започне во јуни, а Судскиот совет ќе продолжи да носи пресуди за вкупно 92 точки од обвинението.

Судот не соопшти кога ќе биде донесена пресудата, но притворот на Тарент е продолжен до 1 мај.

– Целата нација, но особено муслиманската заедница, се поштедени од судење што би можело да послужи како пропагандна платформа за злосторникот, изјави премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која претходно вети дека никогаш нема да го изговори името на убиецот во јавност.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски