Напаѓачката од Лугано се појавува во истрага за џихадизам

Од:

Дваесет и осумгодишната Швајцарка, која во вторникот повреди две лица со нож во супермаркет во Лугано, била спомената во полициска истрага во врска со џихадизмот, соопшти швајцарската федерална полиција.

Извршителката на нападот, кој во вторникот попладне сериозно повреди една и полесно втора жена, во продавница во овој град во јужна Швајцарија, „и е позната на @FedpolCH од полициската истрага во 2017 година во врска со џихадизам “, твитна федералната полиција, без да даде повеќе детали.

Синоќа, регионалната полиција во Тесан, ја спомена дека можно е да станува збор за напаѓачка со „терористичка мотивација“. Според првите елементи на истрагата, напаѓачката се обидела да ја задави едната од двете жени со голи раце, а втората ја повредила со нож во вратот. Другите клиенти во супермаркетот успеале да ја совладаат младата жена, која е уапсена, додаваат од регионалната полиција.

Истрагата за овој случај ќе ја спроведе федералната полиција, која истовремено на Твитер објави отворање на кривична постапка.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

На четворицата уапсени за тероризам им е одреден 30-дневен притвор

Катерина Ѓуровски

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски