Нападот врз руската Амбасада во Либија бил „одмазда поради убиство“

Од:

Вчерашниот напад врз руската Амбасада во Триполи не е политички мотивиран, ниту е дело на некоја од вооружените групи кои дејствуваат во Либија, туку е акт на одмазда поради убство на еден Либиец од страна на Русинка, соопшти денеска претставник на либиските безбедносни сили.

Тој информира дека безбедносни сили трагаат по лицата кои пукале вчера отворија оган врз руската Амбасада.

Руското Министерство за надворешни работи инфромира дека Амбасадата била нападната од група луѓе кои пукајќи кон сакале да упадната во дипломатската мисија. Чуварите на Амбасадата отвориле оган кон напаѓачите кои биле меѓу група од околу 60 луѓе.

Нападот бил одбиен, а напаѓачите успеале само да го запалат руското знаме. Никој од дипломатскиот состав на Амбасадата не е повреден, затоа што членовите на мисијата, поради безбедносни причини биле префрлени на аеродромот.

Ова не е прв напад врз една дипломатска мисија во Триполи. Досега беа нападната и неколку западни амбасади, меѓу кои и онаа на Велика Британија, иако земјата учествуваше во соборувањето на претходниот режим на Моамер Гадафи.

Најтежок инцидент се случи на 11 септември минатата година, кога во минофрлачки напад врз Конзулатот на САД во Бенгази, беа убиени американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс и уште тројца други Американци.

Две години по соборувањето на Гадафи, ситуацијата во Либија и натаму останува крајно нестабилна и неизвесна. Разни исламистички, клановски и племенски милитантни групи, слободно дејствуваат во земјата, често војувајќи меѓусебе. Тие ја користат слабоста на централната Влада и неуспехот таа да воспостави контрола врз целата територија на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски